Со кого ќе преговара Хан во Скопје со Заев или со Груевски?

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Кој со кого ќе преговара денеска во Скопје е главната дилема, Хан со Заев, со Груевски  или Заев со Груевски или Хан со обајцата !? Од денешните преговори веројатно нема да има ништо ексклузивно , освен спакуванато нешто старо во ЕУ  обланда,  со што еврокомесарот Јоханес Хан  ќе треба да ги купи преговарачите, за да престанат да кризираат. Сепак кризата е малку предалеку за да се играме со лижавчиња велат познавачите и  дека што и да се донесе како предлог ќе се разгледува во наредните десетина дена,  а за каква било реализција и модалитет ќе треба вклученост и на американски преговарач, или во спротивно кризата ќе се радикализира.

han_7

Од европејците не се очекува голема помош за опозицијата бидејќи токму тие го оддржуваат сите овие години на власт Никола Груевски,  замижувајќи за се ова кое сега само излезе на виделина, и опозицијата преку бомбите гласно го обелодени. Брисел залажувајќи ја со преговори и доближување , всушност сиве овие години ја држи Македонија на дистанца  , што пак му овозможи на Никола Груевски со своите послушници да си креира „своја приватна “ Македонија,  во која институциите се надвор од стандардите. Европа само оддржува стасус -во состјоби, и не сака судири во својот двор и толку ! Нема став како ќе преживеат тие кои се под тортура и недемекоратско владеење освен на ниво на констатација  и  препораки кои велат треба да се реши. И тоа може да трае со години  се додека не се случи конфликт(Куманово) за да се подразбудат, и пак по старо препораки и ветувања.

Токму затоа и оваа средба нема да донесе ништо суштински клучно за излез од кризата, освен фино пакување за одложување , и демек некаков силен предлог што тој што ќе го одбие не и мисли добро на Македонија. Така тој што ќе одбие  би бил виновникот за кризата, и се разбира потоа тоа секојдневно гласно би било  говорено преку изјави во провладините медиуми од дел од купените европратеници и сите би биле задоволни и Брисел и Власта, сеедно што ќе се прифати  а што одбие.бриселко

Сепак , ново во преговарачкиот процес е што еврокомесарот за соседска политика и проширување  Јоханес Хан лично ја презема посредничката улога во преговорите меѓу македонските политички лидери  што денеска  и официјално треба да почнат во Скопје. Овој пат тројцата европарламентарци, Кукан, Ховит и Вајгл без конкретно објаснување остануваат во Брисел. Тој  неофицијално  ќе се обиде да ги приближи позициите на Заев и Груевски  со документ во кој се нуди Македонија да почне неофицијален скрининг како прва фаза од пристапните преговори со Европската Унија.  или неформално, ќе се отворат 23 и 24 поглавје за Македонија, тоа е правосудството и слободата на медиумите. Сепак неофицијален скрининг не постои како форма  во ЕУ , велат експертите и тоа е само залажувањето демек понудата е голема и демек нешто се случува.Пакувања за судство,  медиумите, изборите и парите.

грујо мисли д

Главната причина поради која еврокомесарот Јоханес Ханс и западните дипломати во Скопје се уште играат на картата Никола Груевски да остане на чело на Владата на Република Македонија е неговото ветување дека во наредните три месеци ќе го реши спорот за името со Грција или во најмала рамка ќе направи значителен напредок во преговарачкиот процес, објавува  Плусинфо од извори блиски до Владата.

Спред истиот извор тоа било  понудата на Груевски која   била сериозно анализирана и во Брисел и во Скопје. Таа добро ќе му дојде на еврокомесарот Јоханес Ханс да го оправда предлогот со кој наводно ќе допатува во Скопје, а се разбира и добра форма како  Груевски и натаму да биде на чело на Владата.Скепсата  на вклучените во преговорите за името е дека Груевски многупати се понудил да го реши и така 7 години ги  вози на таа намера  и ЕУ и САД.

Од опозицијата нема големи очекувања од денешната средба. Власта  и Груевски мудро молчат  и се во очекување на победа за својата позиција, од предлогот на евро десничарот Хан.

Излез по денешната средба и состојбите пред најавите за нов голем масовен митинг и радикализација на опозицијата,   се очекува од назначувањето на нови специјални преговарачи од САД и од ЕУ, за  кои не е исклучено  да бидат и дипломати од калибарот на Нуланд и Могерини.

ДА