На 24.10.2022 на автопатот Скопје-Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода С.Б.(40) од Скопје. Тој, околу 09.30 часот не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што кај клучка Миладиновци застанал со товарно возило „ивеко“, со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и го напуштил местото. По извршена проверка било констатирано дека регистарските таблички не припаѓаат на возилото, информираат од МВР.
од полицијата велат дека лицето и товарното моторно возило биле предадени во Полициското одделение Петровец за понатамошка постапка.
Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.