Дали сте забележале како кога ви треба совет, конструктивна критика или остроумна анализа на луѓето со кои работите или сте во врска, секогаш се обраќате кон истите луѓе? Можеби никогаш не сте го кажале тоа, но ова се оние за кои мислите дека се многу паметни и го гледаат проблемот подобро од вас (и другите) и не само тоа, тие имаат јасна претстава за тоа како треба да се однесувате во иднина за да ги постигнете вашите цели.
Според астролозите, ова се трите најпаметни знаци во хороскопот.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците брзо размислуваат и секогаш со леснотија учат нови работи, па затоа не е чудно што се сметаат за најпаметниот знак на Зодијакот. Овој воздушен знак постојано впива информации од различни извори и мудро ги користи, одличен е во поврзувањето на работите и барањето решенија.
Тие имаат способност мудро да гледаат на различните исходи на даден проблем и да имаат доволно информации за да го изберат најдоброто решение.
Овие воздушни знаци се како „камелеони“ кои не само што се паметни во својата област, туку можат и да ја „имитираат“ паметноста на другите луѓе и да се прилагодат на ситуациите и задачите со кои се среќаваат за првпат.
ДЕВИЦА
Девиците сакаат да ја анализираат секоја ситуација. Нивната способност да ги паметат работите е неверојатна, па дефинитивно сакате да се обратите кај овој знак за совет.
Тие имаат јасна визија која им помага да ги решат проблемите или да најдат креативни решенија за нив.
Со овој земјен знак владее Меркур, планетата која е задолжена за когнитивните вештини, па нивната интелигенција многу брзо се забележува.
ВОДОЛИЈА
Имаат специфичен начин на размислување, важат за најчудниот знак на Зодијакот. Токму затоа на многу луѓе им промакнува колку се интелигентни и обично се барем еден чекор понапред од другите. Овој воздушен знак размислува неверојатно брзо и ќе го надмудри секој кој „ќе му стапне на нерв“ без воопшто да го сфати тоа.
Колку и да изгледаат луди на другите, тие имаат остар ум и критички поглед на настаните и луѓето околу нив, што им помага лесно да најдат решенија за секој проблем.