Со Македонија имаме заедничко минато и заедничка иднина, вели Јанев

од Nikola Popovski
443 прегледи

Како што имаме заедничко минато со Република Северна Македонија и луѓето што живеат таму, така имаме и заедничка иднина. Бугарија постојано ја поддржува Република Северна Македонија и нејзините перспективи за развој во Европската Унија и НАТО, изјави бугарскиот технички премиер Стефан Јанев, кој на Фејсбук одговараше на прашања од граѓаните и медиумите.

Премиерот истакна дека Бугарија се обидува да води директен дијалог со соседот со цел да се разговара за сите прашања во билатералните односи, како и да се почитува Договорот за добрососедство потпишан меѓу двете земји.

-Во исто време, нашата земја ги брани своите национални интереси, додал тој.

-Од една или друга причина, властите во Република Северна Македонија не брзаат за да го спроведат овој Договор. Така нашите тврдења се заробени, нагласи премиерот.

Тој „повика на отстранување на говорот на омраза од учебниците во Македонија“.

-Односот кон минатото е важен за да не се смени историјата, да не се уништуваат споменици, да не се менуваат натписите на овие споменици, рече Јанев.

-Мораме да бидеме сигурни дека оние македонски граѓани кои имаат бугарска самосвест, ги бараат своите бугарски корени во минатото и се самоидентификуваат како луѓе со бугарско потекло, ќе имаат еднакви права со сите други граѓани, додаде привремениот премиер.

Слични содржини