Со мотор удрил во две паркирани возила, скопјанец заврши во болница

од Берта Китинска
167 прегледи

На 30.04.2021 во 21.10 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Никола Киров Мајски“, мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(40) од Скопје, удрил во две паркирани патнички возила „сеат алтеа“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното сопственост на Д.Ѓ.(35) од Скопје, а другото сопственост на Г.С.(42) од Скопје, информираат од МВР

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.