Со новиот закон за дивоградби изгласана амнестија за Јакимовски

од Берта Китинска

Според членот 41 од Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти, додаден на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, предвидува да се стопираат сите граѓански и кривични постапки кои се во тек и кои произлегуваат од постапки за отстранување на објекти и постапки во врска со изградба на бесправни објекти од значење за Републиката и од локално значење. Токму за таков случај во тек е судски процес против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски пишува 360 степени.

Токму Јакимовски е еден од оние што ќе имаат директна полза од членот 41 од новоусвоениот закон, бидејќи за него се води судска постапка токму за бесправно изградени објекти со намена опишана во законскиот текст. Основното јавно обвинителство за гонење органзиран криминал и корупција во октомври 2019 година поднесе обвинение против 11 лица, меѓу кои првообвинет е Јакимовски за злоупотреба на службената положба и бесправно градење.

Предлагачи на амандманот усвоен на седницата на собраниската Комисија за транспорт и врски, одржана на 7 мај 2021 година, биле: Ане Лашкоска, Бране Петрушевски, Бојан Стојаноски, Мирче Аџиоски, Олга Лозановска (сите од ВМРО-ДПМНЕ) и Љупчо Пренџов од ГРОМ, партија чиј претседател е поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Дополнетиот закон вчера ја доби поддршката и на пратениците од СДСМ.

Слични содржини