Со новите владини мерки храната ќе поевтини и до 10 отсто, вели Ковачевски

од Берта Китинска
192 прегледи

„Власта не бега од предизвиците, туку е посветена на нивно решавање, да не страда народот и да не трпат компаниите и со новите мерки што ќе се преземат очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10 отсто“, рече во Прилеп премиерот Димитар Ковачевски од трибината на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината”.

„Последната мерка на Владата, која наскоро започнува со реализација, е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб отсега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. Според првичните проценки, очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10 проценти, изјави Ковачевски.

Тој информира дека производството на струја е максимилизирано и веќе неколку денови ЕСМ произведува електрична енергија што задоволува 100 отсто од домашните потреби.

„Бидете спокојни, струја ќе има доволно и постојано за целиот период од кризата, но треба и секој од нас да покаже рационалност и да штеди“, рече Ковачевски.

Слични содржини