364
МВР информира дека двајца малолетници со убодни рани од нож, пред маркет во скопската населба Чаир, биле примени во поранешната градска болница во Скопје.
Настанот се случил завчера вечерта, односно на 28.07.2021 во 21.25 часот, информираат од СВР Скопје.
Според полицијата, околу 21.25 часот во полиција од хируршката болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет биле донесени две лица на возраст од 17 години.
Во разговор со полициските службеници тие изјавиле дека пред маркет на подрачјето на Чаир биле нападнати од три лица кои користеле остар предмет.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.