Со овие четири витамини заштитете се од настинки и грип

од Stefanija Kuzmanovska
364 прегледи

Витамините и минералите ни се повеќе од потребни во сезоната на грипови и настинки и понекогаш мора да ги внесуваме преку суплементи, но за среќа ги има и во храната.

Бројни истражувања покажале дека витамините А, Ц и Е, како и фолната киселина се задолжителни преку зима, кога се зачестени настинките и сезонскиот грип.

Затоа, потребно е во редовната исхрана да внесеме намирници кои ги содржат токму овие хранливи состојки.

Витамин Ц

Витаминот Ц го има во свежо цедените сокови од цитруси. Овие сокови не ги консумирајте наутро кога сте гладни, туку задолжително по оброк. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, но и го забрзува заздравувањето на раните и штити од инфекции.

Витамин А

Го има во млечната храна, месото, јајцата и рибата. Овој витамин помага во обновување на епителното ткиво и ја чува кожата од патогени напаѓачи. Тој е задолжителен дел од животниот циклус на клетките и ткивата. Недостатокот на витамин А предизвикува сувост на кожата и намалување на нејзината еластичност.

Витамин Е

Витаминот Е најлесно ќе го внесете преку маслиновото масло и тоа во доза од 4 полни лажици во денот. Некои луѓе го пијат маслото, а други оваа количина ја додаваат во храната. Исто така, го има и во јатките како што се бадеми, кикирики и ореви, но и во сусамот. Консумирајте ги овие намирници свежи, бидејќи високите температури го уништуваат витаминот Е.

Фолна киселина

Ја има во зелениот листест зеленчук и интегралните житарици. Помага при обновување на леукоцитите, кои се неопходни за заштита на телото. Фолната киселина припаѓа на групата на Б-витамини, ја подобрува циркулацијата и ги регулира аминокиселините.

Слични содржини