Со покриен лик, Јанева пренесена во домашен притвор

од Aleksandar Todeski
423 прегледи

Со прекриен лик со капа и јакна, поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева доцна попладнево беше спроведена од притворското одделение во затворот Шутка во домашен притвор, во еден од становите кои ги даде како гаранција.

Замената на мерката притвор со поблага мерка, домашен притвор ја одлучи денеска Апелациониот суд, откако таа предложи три стана како гаранција дека нема да се даде во бегство доколку до пресуда остане во домашен притвор.

Јанева е третоосмничена во случајор „Рекет“, во кој првоосомничен е Бојан Јовановски, а второ осомничен Зоран Милевски. Видео доказите за рекетирањето на скопскиот бизнисмен Орце Камчев освен во обвинителството и кај лидерите на политичките партии, осамнаа и во онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“.

Првото рочиште за случајот е закажано за 3 декември.

Слични содржини