Со помош на овие трикови парфемот ќе ви трае подолго

Забележувате дека парфемот ви се ветрее по час или два? Решението не е во тоа да се прскате на секои два часа или да го испразните цело шише одеднаш. Наместо тоа, испробајте ги овие трикови.

 

Нанесете хидратантна крема или лосион

Лосионите и кремите делуваат како некој вид на лепило и парфемот ќе се залепи за вашата кожа. Доколку дакате тој да трае подолго, истријте лосион на местото на кое сакате да нанесете парфем.

Избери силна базна нота

Различните мириси, различно траат. Најбргу исчезнуваат мирисите на цитрусни парфеми бидејќи имаат слаби молекули, додека цветните мириси и оние кои не потсетуваат на зачини подолго траат. Мирисите кои најчесто се задржуваат на нашето тело се оние кои се на база на ванила, мошуш или дрво.

Стратешки комбинирајте ги мирисите

Обожуваш цитрусни мириси, но не сакаш цел ден одново да нанесуваш парфем? Трикот е еноставен. Комбинирајте го мирисот кој го сакате со парфем кој има посилна база за да му го продолжите рокот на траење на вашата кожа.

Пуштете ја косата

Вашата коса има подобар мирис од вашата кожа, па доколку имате долга или коса со средна должина, нанесете парфем на врвовите од косата. Врвовите на косата најмногу се мрдаат, па така пријатниот мирис околу вас ќе се шири.

Нанесете парфем на местата каде се наоѓа пулсот

За време на нанесување на парфемот, држете се до пулсните точки како што се рачните зглобови, вратот и подрчјето зад колената. Тие места се малку потопли од останатите на твоето тело па мирисот повеќе ќе се отпушта.

Чувајте го парфемот на вистинското место

Доколку сакате парфемот да трае подолго, чувајте го на ладно и темно место. Многу од нас парфемите ги чуваат во тоалетот, но всушност тоа не е добро место поради влагата и топлината.

Слични содржини