Со предавањето на Бранислав Димитријевиќ завршува КРИК 04

од Vladimir Zorba
182 прегледи

На 18. декември (среда), со почеток во 19 часот, во Даут Пашин амам, завршува годинешната програма на КРИК 04 – Човек без својства политики на маргините, со предавањето на еден од најзначајните теоретичари на културата и возуелните уметности, Бранислав Димитирјевиќ, и неговото предвање насловено: Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за „не-сега“. После предавањето ќе следи разговор со Натали Рајчиновска Павлеска и модерирана дискусија со публиката.

Во вториот дел на четврто издание на Фестивалот гостува познатите филозофи и теоретичари Борис Буден и Стефан Новотни, Ариане Шпаниер, како и домашни учесници. А на 15 декември се одржа отворена јавна средба/разговор за состојбата, значењето и иднината на критиката во и за современите уметнички практики.

Во првиот дел на фестивалот КРИК, фестивал за критичка култура организиран од Контрапункт, кој се одржа во текот на јуни, учесници беа: Нејтан Браун, професор од Канада, Петар Милат, филозоф од Хрватска, Арон Шустер, американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија. Во рамките на годинешното издание на КРИК, во септември се одржа и работилница за анализа на дискурс наменета за млади истражувачи со предавачите Мира Беќар, професор по применета лингвистика од Скопје
и Викторија Костадинова, која предава на Универзитетот во Амстердам.

Димитријевиќ отсекогаш предизвикувал полемични контексти во општеството, кои ја контекстуализираат уметноста како длабоко политична, одговорна и не-невина во однос на политичките динамики.

Неговите ставови секогаш предизвикувале бурни реакции, па дури и екцесност и во рамки на уметничката и културната сцена, а и општествено пошироко.

Еден од неговите последни провокативни јавни настапи е изнесувањето на ставовите за изложбата на Марина Абрамовиќ, која беше отворена во Белград, со огормна финансиска поддршка на Валдата на Република Србија.