Со презентација на сведоци, продолжува рочиштето за „Тврдина-Таргет”

од Берта Китинска
290 прегледи

Со презентација на сведоци денеска во Кривичен суд Скопје, продолжува рочиштето за предметот „Тврдина-Таргет”, каде меѓу првите обвините се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков.

На вчерашното рочиште за овој предмет сведочеа стручни лица од телекомуникацискиот сектор кои во тек на перидот 2008-2015 како лица за поддршка имале пристап до системот за следење на комуникации во УБК на МВР.

Вработен во Ериксон Телекомуникаци Македонија, сведокот Момир Малетиќ, како сведок предложен од обвинителството, рече дека 28.10.2016 било направено испитување на системот за следење на комуникаците по барање на СЈО, односно по ова проверка која ја вршело експерт на Ериксон било констатирано дека се аркивирани серверите на ЛИИМС.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Слични содржини