Со протести во Атина одбележана 15-годишнината од убиството на тинејџерот Григоропулос

од Radmila Tasevska

Со традиционални протести, како во Атина, така и во останатите грчки градови, денеска беше одбележана 15-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, кој во 2008 година во атинската населба Ексархија беше застрелан од полицаец, јави дописничката на МИА од Атина.

Главниот дел од денешните демонстрации, односно маршот низ атинските улици до грчкиот парламент заврши мирно и без инциденти, а дел од демонстрантите се упатија кон населбата каде што беше убиено момчето.

Во тој дел имаше мали изолирани инциденти со запалени канти за отпадоци и тензии со полицијата кој интервенираше со солзавец, меѓутоа траеа кусо.

Атина денеска, како и секоја година за 6 декември, беше под силно полициско обезбедување, со над 3.000 полицајци.

На денешниот протест во Атина, демонстрантите извикуваа слогани против полицијата и полициското насилство, порачаа дека Алексис нема да биде заборавен.

Слични содржини