Со што да го миете лицето според типот на кожа

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Правилното миење е многу важен чекор од секојдневната нега на кожата на лицето. Потребен ни е вистинскиот производ за нашата кожа, кој ќе ги отстрани ефикасно нечистотиите и остатоците од шминка, но и ќе ја остави кожата мека и нахранета.61b3358ec1db3834bad0ebeb53a51701

Споделуваме неколку природни производи за миење на кожата со кои може да ги замените стандардните козметички производи за чистење на кожата.

Нега за мрсна кожа
Потребни состојки:
1/2 чаша мед
1/4 чаша јаболков оцет
10 капки масло од чајно дрво
Измешајте ги сите состојки заедно. Земете мала количина од смесата и нежно аплицирајте на лицето. Потоа внимателно избришете со влажен памучен тампон и исплакнете со млака вода.

Нега за сува кожа
Потребни состојки:
1/4 чаша гел од алое вера
1 или 2 лажички масло од сладок бадем
неколку капки етерично масло по ваш избор
Сите состојки се мешаат. Потоа се нанесуваат на кожата со лесни масажни движења и се плакне со вода.

Пилинг за секој тип кожа
3 лажици шеќер во кристали или фино меленоно кафе
1 лажица етерично масло по ваш избор
1 лажица кокосово масло
Сите состојки се мешаат добро, а потоа со лесни масажни движења се нанесуваат на влажна кожа.