Со своите 112 години, тој е најстариот маж на светот

Гинисовата книга на рекорди во средата потврди дека Читетсу Ватанабе (112) од средината на Јапонија е најстариот маж на светот.

Ватанабе , кој живее во дом за пензионери во Нигати, доби и службена потврда од Гинисовата книга на рекорди.

Ватанабе, кој е роден на 5 март 1907 година, за локалните медиуми изјавил дека тајната на неговата долговечност е што не дозволува ништо да го налути ниту да му ја тргне насмевката од лицето.

Откако завршил земјоделско школо, Ватанабе се преселил на Тајван и работел во тамошната фабрика за шеќер. За време на Втората светска војна бил дел од јапонската војска.

Ватанабе се вратил во родното Нигати по војната и работел како државен службеник се до пензионирањето.

Има пет деца, 12 внуци и 16 правнуци и еден пра правнук, пренсува Kyodo News.

Најстарта личност на светот Кане Танака, исто така живее во Јапонија. Таа во јануари прослави 117 години.

Слични содржини