Со трамвајот нема да има застој во сообраќајот и нема да се сече зеленилото, вели Шилегов

од Берта Китинска
331 прегледи

Водоснабдувањето ќе биде заштитено и ниту во еден момент нема да има застој на сообраќајот додека се гради „Бас рапид транзитот”, кажа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисија „Жешко политичко лето” на Канал 5, додавајќи дека граѓаните не треба да бидат вознемирени, бидејќи трасата поминува над главната цевка за вода на булеварот „Партизанска”.

– Никој не треба да се грижи во оваа смисла. И водата, и водоснабдувањето, и главната цевка ќе биде заштитена и лесно достапна за евентуални дефекти. Досега не се случило на оваа цевка да има дефект, рече Шилегов.

Очекува градежните активности да траат околу една година и 13 месеци. Во овој период, како што нагласи, нема да има целосен застој на сообраќајот во овој дел, но можни се стеснувања на одредени места.

Нема да се сече ниту зеленилото, кое, како што посочи, ќе се мултиплицира.

– Сега има само еден дрворед, а тогаш ќе добиеме два дрвореда. Целосно ќе биде заштитено зеленилото и да не заборавиме дека ова е најеколошкиот проект што го има одобрено ЕБОР во последните 20 години кога е транспортот во прашање, кажа  Шилегов.

Слични содржини