Со тврд предмет ја нападнал мајка си, ѝ се заканувал и со нож

од Nikola Popovski
112 прегледи

Вчера бил уапсен 40-годишен скопјанец, кој вчера со тврд предмет си ја нападнал мајката, извести МВР.

Полицијата соопшти дека денеска во 08.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, затоа што на 17.04.2023 во домот физички ја нападнал неговата 66- годишна мајка, при што употребил тврд предмет, а ѝ се заканил со остар предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.