Научниците открија дека здравиот начин на живот и избегнувањето на ризично однесување можат да го продолжат животот за 7 години, соопшти УПИ.
“Често се смета дека подобрувањата во медицинските технологии се клуч за подолг живот – вели Мико Мјорскјола од Институтот за демографски истражувања” Макс Планк “во Германија. Тојконстатира дека здравот начин на живот е доволен за да може човек да се радува на долговечноста. „Избегнувањето на дебелината, откажувањето од цигарите и умерената консумација на алкохол не се нереална цел. ”
Истражувањето опфатило над 14 000 лица на возраст меѓу 50 и 89 години во периодот 1998 – 2012 година во САД.
Утврдено било дека должината на животот на луѓето кои никогаш не пушеле и не се дебели, е за 4-5 години подолга од онаа на општата популација. Научниците освен тоа заклучиле дека зголемениот животен век не се изразува во години поврзани со физичка немоќ, и дека луѓето кои умерено консумираат алкохол, живеат 7 години подолго од вкупната популација.
“Најпозитивниот резултат е дека” заработените “преку здрав живот години се поминати во добро здравје”, истакнаа експертите.
Резултатите покажале дека мажите кои не се со прекумерна тежина, никогаш не пушеле и консумираат умерено алкохол, живеат во просек 11 години подолго од мажите, кои се дебели, пушат и претеруваат со чашката. Кај жените разликата е дури поголема – 12 години.
Резултатите од истражувањето се објавени во Health Affairs.