Соборената премиерка на Мјанмар останува во притвор: Пред судот дури во среда

од Stefanija Kuzmanovska

Соборената премиерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи ќе остане во притвор до среда, кога е најавено нејзиното појавување пред судот, потврди нејзиниот адвокат пред новинарите во главниот град Нејпид, пренесува „Ројтерс“.

„Поднесовме полномошно и разговаравме со окружниот судија. Според него, притворот ќе трае до 17 февруари, а не до денес како што првично очекувавме“, рече адвокатот Кин Маунг Зав, според агенцијата.

Тој додаде дека сè уште се обидува да го види својот клиент, што треба да му биде дозволено во согласност со законот и дека почетокот на нејзиното судење ќе се емитува преку видео конференција.

Советот за човекови права на Обединетите нации во петокот побара Аунг Сан Су Чи веднаш да биде ослободена од притвор, како и другите цивилни лидери затворени од војската по преземањето на власта во Мјанмар.

Слични содржини