193
Македонското Собрание денеска ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО.
„За“ гласаа 103 пратеници, а „против“ беа двајца пратеници.
За да станат Шведска и Финска членки на НАТО потребно е сите 30 членки да ги ратификуваат протоколите, а пред Македонија тоа го направија 17 други членки.
Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската аграсија врз Украина.