Собранието денеска во рамки на 66-седница ја избра Марија Георгиевска пратеник од СДСМ и Коалицијата за претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За член на Комисијата беше избран пратеникот Дарко Каевски од СДСМ, а за заменик член Хусни Исмаили од Алтернатива. За заменик член на оваа Комисија беше избран Елми Азири од Алијанса за Албанците.
Во образложението на Одлуката стои дека според моменталното процентуално учество на политичките партии во вкупниот број пратеници СДСМ и Коалицијата имаат 36,67 проценти, ДУИ 12,5, Алијанса за Албанците 6,67, Алтернатива 3,33, Левица и Движењето БЕСА 1,67, а ДПА 0,833 проценти.
-Врз основа на бројот на пратениците во составот на оваа Комисија СДСМ и Коалицијата учествува со пет пратеници, ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата со пет, ДУИ со два, и Алијанса за Албанците со еден пратеник, со што, како што се нагласува е пополнет составот на Комисијата, се вели во образложените на донесената Одклука.