Со 97 гласа „за“, пратениците ги изгласаа петмината дополнителни заменици министри кои ќе бидат дел од техничката влада.
Дополнителните заменички министерски места ги поплнија кадри од владејачката СДСМ, Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкриељ во Министерството за труд и социјална полтиика.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дополнителните заменици министри кои се избрани се Цветан Трипуновски во министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Невенка Стаменковска – Стојковски во Министерството за информатичко општество и администрација и Гордана Димитриеска Кочоска во Министерството за финансии.
Претходно, собранието со 101 глас „за“ ги изгласа и предлозите за технички премиер и министри во владата.
А.Т.
Фото: Борче Поповски