Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу

од Nikola Popovski

Собранието денеска на почетокот на 104. седница ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски, на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери кратко информираше дека сега веќе поранешните функционери не одлучиле да ги образложат оставките пред пратениците.

Во Парламентот денеска во 15 часот треба да расправа по предлогот што премиерот Димитар Ковачевски го достави за реконструкција на Владата.

За министер што ќе раководи со Министерството за правда е предложен Кренар Лога. За министер за здравство е предложен Фатмир Меџити. За министер за информатичко општество и администрација е предложен Азир Алиу. За министерка за животна средина и просторно планирање е предложена Каја Шукова.

За заменик-министер во Министерството за одбрана е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците. За заменик-министерка за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ. За заменик-министерка за здравство е предложена Маја Манолева. За заменик-министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса за Албанците. За заменик-министер во Министерството за образование и наука е предложен Агим Нихиу од ДУИ.

Слични содржини