Собранието ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на државата

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Собранието на денешната 117 седница ја донесе предлог одлуката за продолжување кризната состојба на дел од територијата на државата заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти.

Пратениците со 73 гласа „за“ ја усвои „Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Р.С. Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Р.С. Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од светската здравствена организација SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кој се загрозува безбедноста и имотот на населението“.

Ова е ново продолжување од шест месеци на одлуката донесена пред повеќе месеци.

Слични содржини