Собранието ќе ја продолжи 40. седница, пратениците на ВМРО ДПМНЕ уште ги нема

од Vladimir Zorba
104 прегледи

   Собранието на Република Македонија денеска во 14:00 часот ќе ја продолжи 40. седница.

За најголем дел од законите кои се на дневен ред на оваа седница вчера заврши расправата, а пратениците ќе треба само да гласаат за нив. Меѓу нив се и реформските закони за судскиот совет и за судовите.

Пратениците треба да расправаат само за Предлог-законот за високо образование, во прво читање, за кој денеска треба да се изјаснат и членовите на Комисијата за европски прашања.

Засега   работата продолжува  без пратениците на опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицијата ќе се врати во Собранието кога барањето за интерпелацијата на Владата ќе биде ставено на дневен ред.Тие се подготвуваат само за таа точка и за старт на собраниското враќање

Целта на ВМРО-ДПМНЕ не била  да се однесува деструктивно кон   законите кои се носта  порача Данев но, сепак за да ги гласаат ќе треба најпрвин интерпелацијата да биде ставена на дневен ред, а потоа законите.

„Во тек е изработка на  документот со кој ќе побараме доверба или ќе се обратиме до пратениците од кои ќе побараме недоверба на оваа владата. Овој документ набрзо ќе биде изготвен и доставен до службите на собранието и очекуваме во деловнички ред Џафери ја закаже седницата.“ – изјави Драган Данев Кординатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.