Собранието на седница за петте интерпелации на членовите на Судскиот совет

од Љубиша Владимиров
15 прегледи

Собранието денеска ќе ја одржи 40. седница, на која ќе се разгледуваат пет интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми.

Иницијативата за интерпелација, поднесена на 7 февруари, ја поддржаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство. Сепак, согласно Законот за Судски совет, конечната одлука за нивното заминување останува во нивни раце.

Според објаснувањата објавени на веб-страницата на Собранието, интерпелациите се поднесени поради наводно недоследно спроведување на надлежностите, загрозување на угледот на судиите и намалување на довербата на граѓаните во судскиот систем.

Слични содржини