Собранието не донесе одлука за продолжување: Пендаровски ја повлече војската од две државни граници

од Nikola Popovski
357 прегледи

Армијата на Република Македонија повеќе нема да ги врши активностите на северната и јужната граница, откако синоќа на полноќ истече рокот на кризната состојба, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување.

„Со тоа престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница во врска со мигрантската криза“, се вели во соопштение од Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски.

Кризната состојба на јужната и северната граница трае веќе неколку години и постојано се продолжува за да може да биде ангажирана и Армијата, а ново продолжување требаше да изгласа Собранието, но тоа не се случи поради блокадата.

„Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од Ковид-19“, се додава во соопштението.

Слични содржини