По новогодишните и божиќните празници Собранието денеска и официјално ќе ја започне работата во новата 2021 година, иако минатата недела веќе се одржа една седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе одржи координативна седница со потпретседателите и првите луѓе на пратеничките групи на која треба да се утврдат активностите во текот на оваа недела.
Според информации од Собранието, во текот на денешниот ден се очекува да се одржи седница на Комисијата за прашања на избори и именувања на која би се утврдила листата на пријавени кандидати за членови на Државната изборна комисија, која потоа според законот се доставува до партиите коишто треба да се изјаснат кои кандидати ги поддржуваат за членови на ДИК.