Собранието в среда, на 28 мај, ќе го избира новиот гувернер на Народната банка. Седницата почнува во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред.
За оваа функција е предложен професорот Трајко Славески од Економскиот факултет, кој ќе го наследи досегашниот гувернер, Анита Ангеловска-Бежоска. Мандатот на Славески ќе трае седум години.
Предлогот за негово именување го достави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која претходно разговараше со сите кандидати. Таа изјави дека изборот бил тежок, но дека се водела од стручноста, интегритетот и компетентноста на кандидатите.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија поддршка за Славески, додека опозицијата се противи, тврдејќи дека тој е партиски кадар, а не независен експерт, што претходно било стандард при изборот на гувернер.