Сочни ражничи со ќофтиња и пиперки

од desk2
145 прегледи

Сочното месо одлично оди со печена пиперка…

СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
1 чешне лук
1 мала тиквица
750 гр мелено јунешко
1/2 лажичка чили во прав
1 јајце
4 лажици презла
1 лажица ајвар
сол
бибер
1 црвена пиперка
1 жолта пиперка
2 лажици масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кромидот, лукот и тиквицата исечкајте ги на коцки и измешајте ги со месо, чили, јајце, ајвар и презла. Смесата посолете ја и побиберете ја, па од неа обликувајте ќофтиња.

Пиперките исечете ги на коцки со големина од 2 см. Набодете ги на стапчиња наизменично со ќофтињата, премачкајте ги со масло и печете ги 6-8 минути.
Добар апетит!