Сочни свински ребра во мешавина од зачини

од desk2
149 прегледи

Кога еднаш ќе ги пробате, секогаш ќе ги правите овие вкусни ребра на скара.

СОСТОЈКИ:
кора од 1/2 лимон
2 лути црвени пиперчиња
2 чешниња лук
неколку гранчиња коријандер
20 гр рендан ѓумбир
50 гр кафеав шеќер
150 мл пиво
100 мл кечап
100 мл соја сос
2 лажици ворчестер сос
бибер
1,5 кг свински ребра
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кората од лимон исчистена од белиот дел, лутите пиперки, лукот и коријандерот ситно исечкајте ги, измешајте ги со ѓумбир, шеќер, пиво, кечап, ворчестер и соја сос, додајте малку сол и бибер па оставете ги ребрата да отстојат 8 часа во подготвената маринада во фрижидер.
Извадете ги ребрата и печете ги околу 40 минути на скара вртејќи ги и премачкувајќи ги со останатата маринада.
Добар апетит!

Слични содржини