Сочувство од Пендаровски до турскиот народ

од Nikola Popovski
151 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски изрази длабоко сочувство  по вчерашната експлозија во Истанбул, во која загинаа најмалку шест лица, а десетици се повредени.

„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, објави Пендаровски на Твитер.

Властите во Турција веднаш ја означија Работничката партија на Курдистан, која ја сметаат за терористичка, дека стои зад овој напад.

Потсетуваме, пред шест години на истото место се случи терористички напад, кога бомбаш самоубиец активираше експлозив при што загинаа четири лица, а 36 беа тешко повредени. Таа година се случија серија терористички напади, од кои најтешкиот беше забележан на аеродромот Ататурк, кога тројца бомбаши самоубијци активираа експлозив и убија 41 лице. Тогаш одговорноста ја презеде Исламска држава.