Сè повеќе жени се обраќаат кон кујната, наместо кон аптеките и козметичките продавници, за да се погрижат за својата убавина. Вистината е дека многу од производите, кои ги консумираме, може да се покажат како наш добар сојузник пред огледалото. На пример сода бикарбона! Како ќе ви помогне таа?
Еве што ве советуваат најдобрите индиски мејкап уметници и дерматолозите:
Чистење на кожата
Измешајте сода бикарбона со малку вода, додека се добие конзистенција на паста. Измијте го лицето и нанесете ја кашата особено на местата кои имаат пупки. Оставете да се исуши, а потоа измијте со вода.
Дезодоранс
Во случај да сакате да се ослободите од непријатниот мирис на пот, но без да ги користите богатите на алуминиум дезодоранси, може да ја пикнете раката во куљскиот орман. Измијте ги пазувите и нанесете малку сода бикарбона.
Освежете ги рацете
За да се отстрани непријатниот мирис од раце, измешајте 3 лажички сода бикарбона со една лажица вода. Разнесете ја смесата во рацете и потоа измијте ги.
Белење на заби
Измешајте малку сода бикарбона со лимонов сок. Натопете памук со смесата и втријте го во забите. Почекајте 45 секунди и потоа измијте ги забите со паста за заби.
Освежувач за уста
Ставете една лажичка сода бикарбона во чаша вода. Потоа направете гаргара за неколку секунди и плукнете. Повторете неколку пати.
Осветлување на дамки
Измешајте малку вода со неколку лажици сода бикарбона, додека не добиете густа смеса. Нанесете ја врз темните места на кожата и почекајте да се исуши околу 10 минути. Измијте со топла вода.
Сув шампон
Малку сода бикарбона во скалпот веднаш ќе ве ослободи од вишокот на масти во корените.