Софија ќе одобри договор со Скопје за прекуграничен тунел

Владата на Бугарија на денешната седница ќе го одобри договорот со Република Северна Македонија за изградба на заедничкиот прекуграничен тунел - дел од Коридорот бр. 8, кој ќе ги поврзува двете земји, пренесе БНР.

од Vladimir Zorba
19 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Влада на Бугариј

Владата на Бугарија на денешната седница ќе го одобри договорот со Република Северна Македонија за изградба на заедничкиот прекуграничен тунел – дел од Коридорот бр. 8, кој ќе ги поврзува двете земји, пренесе БНР.

Објектот е клучен елемент, а документот ќе ја регулира неговата подготовка, изградба и работење.

Вицепремиерот и министер за транспорт Гроздан Караџов најави дека меѓувладиниот договор треба да биде потпишан на почетокот на ноември.