Шефицата на дипломатијата на Бугарија Екатерина Захариев на вчерашната заедничката видео конференција со учество на министрите за надворешни работи на Германија и Сојузна Република Македонија, Хајко Маас и Бујар Османи, посочи дека македонската страна дека се обидува да ги заобиколи точките од договорот и притоа обвини дека во Македонија се користи говор на омраза, а во јавноста имало 10 илјади публикации против Бугарија.
Таа изјави дека Договорот за пријателство и добрососедство, што Бугарија и Македонија го потпишаа во 2017 година, ги содржи сите гаранции за решавање на отворените прашања.
„Според неа, ние имаме долг не само кон идните генерации, туку и кон сегашните. Помирувањето нема да биде можно доколку не се решат отворените прашања. Во последните месеци има над 10.000 негативни публикации во Социјалистичка Република Македонија, јазик на омраза кон Бугарија. Ова не треба да продолжи “, изјави е Захариева.
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ја истакна важноста на договорот со Бугарија.
„Ние мора да се придржуваме до рамката и инструментите на Договорот со Република Бугарија. Ние веруваме дека процесот на преговори не е само бирократија. „Нашиот фокус е да продолжиме да ги почитуваме Договорот и неговите инструменти“, рече тој. „Историчарите нека го разјаснат историскиот процес, но исто така и да го почитуваат правото на самоопределување. Само на овој начин ќе ги преземеме потребните чекори кон решавање на проблемите “, додаде Османи.
Османи се заблагодари на Германија за иницијативата и одговорноста во напорите за одржување на меѓувладината конференција, која мора да одлучи дали Социјалистичка Република Македонија ќе ги започне преговорите за ЕУ.
„Бугарија мора да остане посветена на агендата за европска интеграција на Западен Балкан. Верувам дека имаме заедничка иднина и дека ќе најдеме начин да ги решиме разликите “, повика македонскиот министер за надворешни работи.
Владата останува на својот став
Владата останува на својот став дека нема да има компромис за македонскиот идентитет и јазик и не планира да преговара за нив со соседна Бугарија. Оттаму посочуваат дека и понатаму остануваат отворени за дијалог, како и за доследно спроведување на Договорот за добрососедство, кој подразбира соработка, пријателство и придонес на источниот сосед кон евроинтеграциите на државава. Сепак со негирањето на она што е „најсвето“, нашите соседи го поткопуваат Договорот, а истовремено застануваат и против заложбите и вредностите на ЕУ.
Во написот на „Политико“ пак се наведува дека доколку Бугарија, изолирана како што е досега, продолжи со својот бескомпромисен став, ќе ја загуби добрата волја што ја ужива меѓу земјите членки. Медиумот се повикува на дипломат кој изјавил дека бугарските насилни тактики може да функционираат во решавањето на проблемите во подземјето на Софија, но се чини дека се крајно несоодветни на ниво на ЕУ. Тоа, наведува „Политико“, ја нарушува целта на германското претседателство со ЕУ за продолжување на процесот на проширување оваа година.
Нејасно е зошто сега Бугарија ги отвора овие прашања и со каква цел? Зошто сега ја блокираат земјава и не прифаќаат билатералните спорни прашања да се решаваат во иднина, откако овие два процеса може да течат истовремено.
Власта во земјата, која во последниве неколку месеци ја тресат големи протести и внатрешно незадоволство, се чини е останата сама и во Европа во своите намери за блокада. Многумина европски преставници не се согласуваат со ветото на Бугарија и се сомневаат во нејзините причини. ЕУ го почитува правото на секоја земја на самоопределување, никој не го негира постоење, идентитетот и јазикот на Македонците, па се чини дека ваквата политика на Бугарија носи штета на сите вклучени страни, но и на самата Унија.
Македонија останува посветена на договорот од 2017-та и на регионалната соработка, но непринципиелните барања на Бугарија нема да бидат прифатени.
Нашиот источен сосед и понатаму ќе остане изолиранана во своите барања. Тие имаат право на унилатерална изјава, но без да го кршат консензусот во ЕУ. Ваков став сепак можеше и да очекува, ако се следат изјавите на лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов и првиот дипломат Екатерина Захариева во последните месеци, кои беа далеку од добрососедски и проевроспки.
Аргументите сепак одат во полза на С. Македонија и затоа никој нема да прифати барањата и да ги надмине „црвените линии“ со кои се бара еден народ да се негира самиот себе, па макар тоа било и за долгорочната, стратешка цел – членство во ЕУ.
Нон-пејперот
Новинарот Кристијан Вершуц од австриската телевзија ОРФ, кој го објави нон-пејперот кој бил ставен на маса во преговорите во Берлин, за телевизија „Канал 5“ изјави дека од тоа што го слушнал, нон-пејперот бил компромис кој практично го прифатиле двете страни под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел.
„Таму бил присутен и германскиот министер за надворешни работи. Сепак, нон-пејперот не значи дека е договор туку нешто околу намерите за да се испочитува некој понатамошен договор. Очигледно тој Нон-пејпер на крајот стана Нон-пејпер кога бугарската страна се врати во Софија“, вели Вершуц.
Тој лично мисли дека сите се уморни од историските прашања во врска со Македонија.
„Тоа го видовме во случајот со Грција кога никој во ЕУ не ја разбра суштината на спорот и ако сега ги гледаме овие барања од Бугарија тоа е уште помалку разбирливо. Единствено јас не можам да оценам колку Германија, пред се, и другите земји се подготвени да вложат енергија и да извршат притисок врз Софија да го прифати овој нон-пејпер и оваа рамка за да почнат преговорите“, изјавил Вершуц.
Во документот се вели дека Бугарија ќе ја одобри преговарачката рамка за Македонија и ќе се согласи на одржување на првата меѓувладина конференција. Но, Македонија пред европските институции официјално ќе изјави дека краткото, „Северна Македонија“ се однесува исклучиво на политичкиот ентитет „Република Северна Македонија“. Односно, тоа би значело дека нема никакви територијални претензии кон Бугарија.
Заев заминува во Софија
Наместо онлајн средба, премиерот Зоран Заев ќе замине во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов како последен обид да се постигне договор за македонските евроинтеграции.