105
Софија Вергара, која според многумина е една од најсексипилните жени во светот, се соблече целосно гола за да позира за насловната страна за септемвриското издание на магазинот „Вуменс Хелт“.
Четириесет и петгодишната ѕвезда на „Модерно семејство“ е првата жена која позира гола за овој магазин.
Убавата Колумбијка призна дека не го обожува вежбањето, така што облините и претставуваат проблем.
– Би сакала да бидам малку повеќе спортски тип, но родена сум со големи гради и поради тоа не можам да вежбам. Ги добив на 13 години и се зголемија кога станав повозрасна, особено откако се породив, изјави таа.
Софија отки дека со приватен тренер вежба три до четири пати неделно