Софија Вергара се пофали со најновиот член на семејството, пренесе “Дејли мејл”.

46-годишната актерка има фотографија на “Инсортм”, која ја претставува со нејзиниот сопруг Џо Манганело и нејзиното роднинче новороденче. Ѕвездата од хит серијата “Модерно семејство”, напиша под фотографијата: “На посета кај најновото Вергара” и додаде дека името на бебето е Хернандо Валентино Вергара и хаштаг – братучед.
Вергара и нејзиниот сопруг се сликале со новороденчето само неколку дена откако поминале исклучително романтичен ден на вљубените. Кариерата на актерката е во пораст, бидејќи “АБЦ” објави дека ќе има 11-та сезона на хит-серијата “Модерно семејство”.
Седмата година по ред, Вергара објавува за магазинот “Форбс” како најплатена актерка, чија заработка надминува 42,5 милиони долари.
Лос Анџелес / САД