Софијанова: Шансите за контраиндикации од АстраЗенека се 1 наспроти милион и двеста

од Nikola Popovski
301 прегледи

„Како што обично имало контраиндикации од вакцините против грип, така има и со овие вакцини. Со оглед дека сега е пандемија, вакцината АстраЗенека излезе некако надвор од ситуацијата. Сепак го поддржувам фактот на претпазливост“, вели д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника за емисијата „24 анализа“.

Според неа, бенефитот од АстраЗенека е враќање во нормалниот живот.

„Генетиката е интересна работа, никој не знае што носи во себе. Сепак, според мојот податок, 1 наспроти милион и двеста се шансите дека АстраЗенека може да даде контраиндикации и сето тоа е минимално“, истакна Софијанова.

Слични содржини