Софијанова ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Беким Сали денеска информираше дека сега веќе поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова ги вратила на Клиниката сите исплатени средства.

Таа го сторила истото пред да си даде оставка, истакна министерот.

По барање на министерот пред 15 дена оставка од директорските позиции дадоа Софијанова и првиот човек на Онколошката клиника, Нино Васев.

Двајцата директори биле на разговор со Сали кој побарал да поднесат оставки, бидејќи секако ќе бидат разрешени од функциите.

-По барање на министерот за здравство, денеска до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев, соопшти тогаш Министерството за здравство.

Слични содржини