Бугарскиот весник „Труд“ реагира на објавените информации и докази дека независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ има бугарско државјанство и лична карта.
Од таму прашуваат: „Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев, ова е лоша работа“.
-На огромен параван зад говорницата на Петровска (пратеничка на СДСМ) беше проектиран указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали се работи за Уредба за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари, пишува „Труд“.
Весникот понатаму додава дека „актуелниот градоначалник на главниот град Петар Шилегов, кај нив е познат како антибугарин, по тоа што не обезбедува заштита од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија“.
-Партискиот повик до превозбудените сопартијци, кои наводно сакаат да влезат во Европската унија, завршува со жесток апел: „Да излеземе масовно на 31 октомври да гласаме, да се обединиме и да не дозволиме туѓи интереси да ни го водат главниот град Скопје, реагираат од „Труд“ на прес-конференцијата на СДСМ.