247
Окружното обвинителство на Софија отвора случај во врска со заканите упатени кон пејачот И.Д.
Пред неколку дена уметникот сподели видео на Интернет со песна поврзана со Македонија. Тој тврди дека по објавувањето на видеото, на социјалните мрежи добивал пораки со закани по неговиот живот.
„Отворено е досие во Окружното обвинителство во Софија. Обвинител ќе спроведе лична истрага за случајот. По собирањето на релевантните информации, надзорниот обвинител ќе оцени дали има доволно докази за сторено општо кривично дело. Доколку има такви, ќе се поведе претистражна постапка“, порачаа од Софиското обвинителство.