„Софтвери”: Со изведување на докази продолжува судењето

од Берта Китинска
250 прегледи

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжуца судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски.

На денешната расправа се изведуваат докази од страна на Обвинителството, кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетиот Рашковски и останатите вклучени во случајот, како и документи поврзани со набавката на софтверот за кој обвинетите се товарат дека бил незаконски прибавен.

Владиниот Генерален секретаријат во времето на Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не се користел, а бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР, се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Софтверот веќе една година не е во употреба.

Слични содржини