Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ смета дека моменталната ситуација во образованието е на штета на учениците.
-Вчера кога дознавме дека е постигнато некакво решение, го поздравивме дека еве возрасните го слушнаа зборот на средношколците и децата и постигнаа компромис. Сакаме да учиме. Две години по ред Сојузот на средношколци бара подобар обрзовен систем и настава. Сега повторно има штрајк, каде веќе се изгубије 10 важни работни дена и гледаме дека со првомајските празници ќе се изгуби и оваа работна недела. Како средношколци не не интересира што преговараат СОНК и МОН, но гледаме дека ние губиме од оваа ситуација, рече Павиќевиќ во Дневникот на ТВ Сител.
Според него, сите засегнати страни во процесот се дел од ова и сите имаат своја функција.
-Доволно е да се уништи сон на едно дете за да пропаднеме морално како држава, како систем и образование. Станува збор за три генерации досега пто за жал континуирано ги уништуваме. Како Сојуз не знаеме дали ќе се пробијат и роковите за испит. Ова е сериозен проблем, рече Павиќевиќ.