Сојузот на средношколци преку Уставниот суд ќе бара бесплатен превоз за сите ученици

од Nikola Popovski

Сојузот на средношколци денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членот 41 а од Законот за средното образование.

Претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција посочи дека тие предлагаат законски измени кои се однесуваат на правото на бесплатен и праведен јавен превоз за сите средношколци.

Тој напомена дека моменталната состојба не ги третира средношколците подеднакво, бидејќи има повеќе категории средношколци кои немаат право на бесплатен и праведен јавен превоз, а како што рече, во оваа категорија предничат учениците од приватните училишта, но и учениците од стручните училишта кои посетуваат феријална практика во текот на летниот и зимскиот распуст, а немаат право на организиран превоз во текот на распустите.

Како што рече, немаат право на бесплатен превоз ниту учениците кои живеат на помалку од 2,5 километри од училиштето.

Слични содржини