
Време е Струга да добие градоначалник кој на никаков начин нема да ги дели граѓаните. Треба да престанеме да зборуваме за прашања кои не разединуваат и да работиме да ги отстраниме работите кои не делат, рече Сеад Солакоски, кандидат за градоначалник на општина Струга од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на вечерашниот митинг.
Тој вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани и дека одговорно ќе ја води локалната самоуправа.
Солакоски најави решение за проблемот со депонијата бидејќи, како што кажа тој, најголемиот проблем на стружани е проблемот со екологијата и животната средина.