402
Направете брзи солени бомбици.
СОСТОЈКИ:
100 гр. смоки
100 гр. солени бисквити
150 гр. печени кикиритки
150 гр. маргарин
100 гр. сусам
ПОДГОТОВКА:
Се ставаат во блендер смоките, со солеми бисквити и со кикиритки и се мелат.
Сусамот се пржи на тава на оган на суво.
Се лади потоа.
Се става во сад маргарин, се мати со вилушка пенасто, па се додаваат смоките со кикиритки и солени бисквити, се прават бомбици и се валкаат во сусам.
Се ладат 2-3 часа.