Идеално предјадење или прилог на секој ручек

Потребни состојки:
100 грама маргарин
100 грама брашно
малку сол
500 милилитри млеко
6 јајца
300 грама шунка
300 грама сирење
300 милилитри павлака
3 кисели краставички
250 грама путер
Начин на подготовка:
1. Стопете го маргаринот во тенџере, па пропржете го брашното малку. Потоа, додајте сол и млеко и загревајте додека не се згусне, со непрекинато мешање.
2. Кога ќе се излади, додајте ги жолчките, една по една, и добро измешајте. Посебно изматете ги белките во цврст снег, па додајте ги во смесата со жолчките. Печете околу 30 минути на 200 степени.
3. Додека кората се пече, подгответе го филот. Издробете го сирењето, додајте сечкана шунка, павлака и краставички.
4. Пресечете ја изладената кора на половина, па едната половина намачкајте ја со фил. Поклопете ја со другата кора и на крај премачкајте ја со путер или крем-сирење. Украсете со црвен пипер и магдонос, па откако ќе се излади, пресечете на коцки.
Совети: Најдобро е да ги приготвувате солените мињони еден ден претходно.