Солени шубари

од desk2
337 прегледи

Направете солени шубари, нешто специјално вкусно.

СОСТОЈКИ:
4 јајца
12 лажици брашно
2 дл. јогурт
1 прашок за пециво
1 лажиче сол
1 мала шолја масло
1 изрендан морков
малку магдонос
ФИЛ:

250 гр. крем сирење
50 гр. шунка
50 гр. печеница
1 варено јајце

ПРЕМАЧКУВАЊЕ:
1 дл. павлака
12 лажички мајонез
150 гр. рендан кашкавал
1 варено јајце

ПОДГОТОВКА:
Се матат за кора јајца со сол и јогурт, масло и брашно измешано со прашок за пециво и рендан морков, со магдонос.
Се става во плех со хартија и се пече кора на 200 степени 20 минути.
Се вадат 24 кругови кога ќе се излади.
Се соединуваат крем сирењето за фил со сечени шунка и печеница и изрендано јајце.
Со овој фил се спојуваат два круга.
Потоа, се премачкуваат горе со павлака, па се става рендан кашкавал, мајонез и изрендано варено јајце.
Може да си премачкате и по желба.
Добар апетит!

Слични содржини