Солскјер гневен на неговиот тим: Половина ќе ве избркам!

од Vlatko K
84 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер бесно викал по крајот на последниот
натпревар по сезоната против Кардиф. Сите во соблекувалната биле со наведната глави, а
норвешкиот стратег имал што да каже на секој одделно, тврди весникот „Сан“


Во оваа битка „црвените ѓаволи“ изгубија со 0: 2, а заради лошата игра на крајот на сезоната, тие
останаа шести во конечниот пласман. Па така, ако Ватфорд го освои ФА Купот во сабота, нивната
сезона ќе започне на 25 јули со натпревари од второто квалификациско коло на Лигата Европа.
Скандинавецот го истурил гневот и се заканил дека е подготвен да избрка половина тим поради
несериозниот однос за време на натпреварите и тренинзите. Тој беше категоричен дека нема да
биде под влијание на имиња и плати и ќе удри по секој, кој нема желба да го носи дресот на
големиот тим.

Всушност, десетина играчи се очекува да го напуштат Манчестер во текот на летото. Меѓу нив
сигурно ќе се и оние со најголемите плати – Пол Погба и Алексис Санчез, кои имаат ужасно низок
придонес и не прават ништо друго, освен што ја уништуваат атмосферата во соблекувалната со
постојани претензии, кои не се поткрепени со добра игра, додава изданието од Островот.